УТРО.мк

Бугарија од јули ја зголемува минималната пензија

Бугарија од јули ја зголемува минималната пензија
Vero

Минималната пензија во Бугарија од 1 јули ќе изнесува 347,51 евра, откако бугарските пратеници едногласно ги поддржаа измените во продолжениот закон за буџетот.

Со новите измени, минималната пензија ќе се зголеми од досегашните 322,37 евра, а покачувањето ќе изнесува 7,8 проценти.

Предлогот беше усвоен на прво читање со 196 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан. Целта на измените е пензионерите кои примаат најниски пензии да не останат надвор од редовното јулско усогласување на пензиските примања.

Зголемувањето ќе се пресметува според таканареченото „швајцарско правило“, механизам што ги усогласува пензиите според растот на осигурителниот доход и инфлацијата.

Бугарскиот парламент одреди и петдневен рок за поднесување предлози меѓу првото и второто читање на законските измени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран