УТРО.мк

Под дејство на дрога и со опасен маневар предизвикал трагедија: Притвор побаран за возачот кој усмрти 19-годишен моторџија

Под дејство на дрога и со опасен маневар предизвикал трагедија: Притвор побаран за возачот кој усмрти 19-годишен моторџија
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 31-годишен скопјанец осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби 19-годишен мотоциклист.

Според информациите од обвинителството, несреќата се случила во вечерните часови на булеварот „Никола Карев“, на крстосницата со улицата „Прохор Пчињски“. Осомничениот, управувајќи автомобил „Ауди А4“, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во спротивната насока со намера да сврти лево.

Дополнително, утврдено е дека возилото го управувал под дејство на наркотична дрога, што е спротивно на законските прописи.

При опасниот маневар, автомобилот директно удрил во мотоцикл „БМВ“, а потоа во задниот дел од возилото удрил и мотоцикл „Хонда ХДВ“, кои се движеле од спротивен правец. Од силината на судирот, 19-годишниот возач на мотоциклот „БМВ“ се здобил со тешки телесни повреди од кои подоцна починал.

Обвинителството оценува дека постои опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, поради што до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен предлог за определување мерка притвор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран