УТРО.мк

СУДИР НА ЧЕТИРИ ВОЗИЛА КАЈ КИЧЕВО: Патот Стража – Кичево затворен за сообраќај

СУДИР НА ЧЕТИРИ ВОЗИЛА КАЈ КИЧЕВО: Патот Стража – Кичево затворен за сообраќај
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на магистралниот пат Стража – Кичево, во близина на Трапчин Дол, каде што се судриле три патнички автомобили и едно товарно возило.

Според првичните информации, во несреќата учествувал камион со албански регистарски ознаки, како и патнички возила со унгарски и кичевски таблички. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и медицински тимови кои интервенирале по пријавата за сообраќајката.

Засега нема официјални информации за бројот на повредени лица и за тежината на евентуалните повреди.

Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец е целосно во прекин, а возилата се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран