УТРО.мк

Медицинска сестра нападната од колега во Тетовската болница, напаѓачот приведен

Медицинска сестра нападната од колега во Тетовската болница, напаѓачот приведен
Vero

Медицинска работничка од Клиничкиот центар во Тетово пријавила дека била физички нападната од свој колега додека ги извршувала работните обврски.

Според информациите од СВР Тетово, на 29 мај 2026 година во 17:20 часот, 40-годишната Л.М. од Тетово, вработена во Клиничкиот центар Тетово, пријавила кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од здравство“.

Според пријавеното, инцидентот се случил околу 15:00 часот, кога за време на извршување службени дејствија настанала вербална расправија меѓу неа и нејзиниот колега К.К. (67) од Тетово, кој потоа физички ја нападнал.

Од полицијата информираат дека во 18:00 часот К.К. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран