УТРО.мк

Литванија ја отвора вратата за нуклеарно оружје: Историски чекор на парламентот

Литванија ја отвора вратата за нуклеарно оружје: Историски чекор на парламентот
Vero

Литванскиот парламент направи прв чекор кон укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на територијата на земјата.

Пратениците го поддржаа предлогот за започнување постапка за промена на Уставот, со што во иднина би се отворила можноста за распоредување нуклеарно оружје во Литванија.

За предлогот гласале 99 пратеници, 13 биле против, а петмина биле воздржани.

Сепак, забраната сè уште не е укината. За промената на Уставот се потребни уште две гласања, при што на секое од нив е потребна поддршка од најмалку 94 од вкупно 141 пратеник.

Потегот на Вилнус доаѓа во услови на зголемени безбедносни тензии во регионот и загриженост поради военото присуство на Русија и распоредувањето на руско нуклеарно оружје во Белорусија.

Отворањето на можноста за распоредување нуклеарно оружје во Литванија се поврзува и со пошироката европска дебата за улогата на француското нуклеарно одвраќање во безбедноста на Европа.

Сепак, засега нема донесена одлука за распоредување француско нуклеарно оружје на литванската граница со Белорусија или во близина на руската област Калининград.

Доколку уставните измени бидат конечно усвоени, Литванија би ја отстранила правната пречка за евентуално распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија во иднина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin