УТРО.мк

Три години издавал лажни решенија за приватизација на земјиште – МВР со детали

Три години издавал лажни решенија за приватизација на земјиште – МВР со детали
Vero

Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Струга, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи во Струга, поради сомнежи дека во период од три години злоупотребувал службена положба и изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште.

Според информациите од МВР, пријавениот работел како советник и бил овластен потписник на акти. Во текот на 2022, 2023 и 2024 година, тој наводно изработувал решенија за приватизација на земјиште во корист на други лица, без претходно да обезбеди мислење од надлежната институција.

Осомничениот, според полицијата, самоволно ставал службен печат за правосилност на документите, по што ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности во Струга.

МВР против него поднело пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

Од полицијата засега не соопштуваат колку решенија биле изработени на овој начин, ниту колкава имотна корист или штета евентуално произлегла од постапувањето.

Случајот сега треба да биде предмет на натамошна постапка, во која треба да се утврдат сите околности поврзани со спорните решенија и нивната употреба пред надлежните институции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin