
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 47-годишниот Б.В. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил откриен по претрес извршен на 21 октомври 2025 година во домот на А.В., син на пријавениот.
При полициската акција биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 7,65 милиметри и муниција наменета за оружјето.
По целосното документирање на случајот и преземените истражни дејствија, против Б.В. е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.















