УТРО.мк

[ФОТО] Ајкула паднала од небо: Необична сцена во Јужна Каролина ги остави минувачите збунети

[ФОТО] Ајкула паднала од небо: Необична сцена во Јужна Каролина ги остави минувачите збунети
Vero

Невообичаена и речиси филмска сцена се одигра во американската сојузна држава Јужна Каролина, каде група луѓе сведочеле на момент кога ајкула паднала од небото.

Џонатан Марлоу и неговите пријатели во тој момент играле диск-голф – спорт кој комбинира елементи од фризби и голф – кога забележале како нешто неочекувано паѓа од небото право на земја.

„Не можевме да поверуваме што гледаме“, изјавил Марлоу за локалните медиуми. Кога им се приближиле на остатоците, сфатиле дека станува збор за млада единка од ајкулата чекан.

Неколку моменти пред тоа, групата видела орел како лета со плен во канџите. Се претпоставува дека токму таа ајкула била носена од птицата, но откако орелот бил нападнат од јато врани, бил принуден да го испушти пленот.

Бидејќи ајкулата веќе била мртва, одлучиле да ја остават под дрво во близина, со надеж дека орелот можеби ќе се врати по својот „ручек“.

„Стоевме во шок, без поим што точно се случи“, додал Марлоу.

Фотографијата од настанот, на која Марлоу го покажува необичниот „улов“, беше објавена и на официјалната страница на градската управа на Миртл Бич на социјалната мрежа Фејсбук, каде предизвика бројни реакции и зачуденост меѓу корисниците.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран