УТРО.мк

Џеф Безос и Лорен Санчез склопија предбрачен договор: Тој сака да си го заштити богатството од 244 милијарди долари

Џеф Безос и Лорен Санчез склопија предбрачен договор: Тој сака да си го заштити богатството од 244 милијарди долари
Vero

Тродневната свадбена прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез започна вчера во Венеција, и според проценките на експертите, ова ќе биде една од најскапите венчавки на јавни личности досега.

Свадбата, според медиумите, ќе чини меѓу 40 и 48 милиони евра. Безос и Санчез пристигнаа со хеликоптер и се сместија во луксузниот хотел „Аман“, каде ноќевање во соба со поглед кон Големиот канал чини најмалку 4.000 евра. Синоќа, гостите беа пречекани на приватна забава во градината на средновековната црква „Мадона дел Орто“, каде се наоѓаат ремек-дела на познатиот сликар Тинторето од 16 век.

Поради масовни протести на граѓаните против одржување на венчавката во центарот на градот, основачот на „Амазон“ и неговата свршеница ја променија локацијата и решија да се венчаат во потивок дел од Венеција – во палатата „Арсенале“, сместена на каналот Галеаце.

Сепак, новите информации откриваат дека двојката веќе е правно венчана во САД, повеќе од еден месец пред самата церемонија во Италија. Бидејќи бракот е официјализиран во Соединетите Држави, не им била потребна дополнителна дозвола за венчавање во Италија.

Дополнително, потврдено е дека Џеф Безос и Лорен Санчез потпишале предбрачен договор, со кој се заштитува богатството на Безос, кое се проценува на околу 244 милијарди долари.

Во споредба со нејзиниот сопруг, нето-вредноста на Санчез изнесува приближно 30 милиони долари. Таа е позната и како основачка на компанијата за воздушни снимки „Black Ops Aviation“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран