УТРО.мк

Доктор предупредува: Никогаш не комбинирајте банана со ова овошје

Доктор предупредува: Никогаш не комбинирајте банана со ова овошје
Vero

Ново истражување на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, открива дека додавањето банана во смути може значително да ја намали апсорпцијата на хранливи состојки кои се клучни за здравјето на срцето и мозокот.

Студијата објавена во списанието Food & Function покажува дека ензимот полифенол оксидаза (PPO), кој ја предизвикува потемнувањето на бананата, може да блокира апсорпција на флаваноли – природни антиоксиданси присутни во јаболка, боровинки, купини, грозје и какао. Испитувањата покажале дека присуството на банана во смути го намалува нивото на флаваноли во крвта за дури 84% во споредба со смути направено од овошје богато со овие соединенија, без банана.

Главниот автор на студијата, д-р Хавиер Отавијани, објаснува дека резултатите го покажуваат колку секојдневните навики, како подготовката на смути, можат да влијаат на здравствените придобивки од храната.

Истражувачите препорачуваат замена на бананата со овошје со ниско ниво на PPO ензим, како ананас, портокал, манго или додавање на јогурт, за да се овозможи максимална апсорпција на флаванолите. За оние кои не можат да замислат смути без банана, стручњаците советуваат да не ја комбинираат со овошје богато со флаваноли, како какао или бобички.

Заклучокот е дека не е доволно само да се изберат здрави состојки – важен е и начинoт на подготовка и комбинација на храната за да се извлече максималната здравствена корист.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран