ОВЕН
Овој викенд ќе бидете почувствителни и поемотивни, но во позитивна смисла. Посветете дополнително внимание на луѓето што ги сакате, разговарајте за заедничките предизвици и обидете се да ги подигнете односите на повисоко ниво. Вечерните часови носат романтика – останете присутни и внимателни за да ја разберете другата страна без недоразбирања.
БИК
Преиспитајте ги финансиските планови и инвестициите, или започнете нови преговори поврзани со имотот што сакате да го купите или продадете. Викендов е поволен за наоѓање решенија што ќе ги задоволат сите страни и ќе ви донесат поголеми придобивки. На работа, ако насетите проблем – делувајте тивко и стратегиски.
БЛИЗНАЦИ
Ќе ве води силна мотивација и одлучност, а енергијата ќе ви биде на високо ниво. Искорисете ги деновите за да напредувате во она што ви е најважно. Посветете се на активности што отсекогаш сте сакале да ги пробате – токму така ќе запознаете луѓе кои ќе ги споделат вашите идеи, ставови и визии.
РАК
Можете да постигнете многу, но само ако не дозволите ситниците да ве исфрлат од рамнотежа. Ако некој колега се меша во вашата работа или не ги исполнува своите обврски, најдобро е да не провоцирате конфликт. Работете си мирно и верувајте ѝ на сопствената интуиција наместо на нечии сомнителни совети.
ЛАВ
Викендов ве очекува пријатно изненадување – услуга, подарок или финансиски прилив што не го очекувавте. Деновите се добри за пробување нови работи, сè додека тоа не им штети на другите. Можно е да запознаете вредни луѓе кои ќе ви прифатат идеи. Во љубовта, бидете тие што ќе предложат мали, освежувачки промени.
ДЕВИЦА
Внимавајте на изборот на зборови и на импулсивните реакции. Постојат услови да претерате – со трошоци, со енергија или со преземање туѓи обврски, додека ги запоставувате сопствените. Ако останете смирени и реални, можно е лесно да постигнете финансиски договор од кој ќе имате значителна корист.
ВАГА
Не дозволувајте другите да ви ги наметнуваат своите цели или обврски што никој друг не сака да ги преземе. Јасно покажете дека не премолчувате неправда. Ако некој ја отвори темата што не сакате да ја допрете – најдобро е дискретно да се повлечете наместо да ја откриете својата ранливост.
ШКОРПИЈА
Можно е да се соочите со тежок динамичен период во соработката со колеги, партнери или клиенти. Бидете особено внимателни при решавање жалби или недоразбирања. Искористете го својот шарм и дипломатски пристап – тоа е најдобриот начин да избегнете конфликти и да дојдете до поволен исход.
СТРЕЛЕЦ
Не се потценувајте. Барајте го најдоброто решение, бидејќи само така ќе го пронајдете. Работните промени што ве очекуваат ќе ви донесат добро, иако првично можат да ви делуваат непријатно. Реагирајте први и одлучно – така ќе стекнете предност и ќе се ослободите од притисокот на конкуренцијата.
ЈАРЕЦ
Добро е да се борите за она што го сакате, но ако премногу инсистирате на своето, можете да ги одалечите луѓето. Научете да слушате и да се прилагодувате барем делумно. Можно е да се појават промени во приватниот живот – прифатете ги постепено и без отпор, бидејќи не се избегливи.
ВОДОЛИЈА
Сè ќе оди според планот, но само ако не дозволите љубомората или гневот да ве надвладеат. Ќе има провокации од луѓе кои ви завидуваат – најдобро е да се оддалечите и да не влегувате во празни расправии. Во љубовта ве очекуваат подароци, убави гестови и интерес што доаѓа од одамна позната личност.
РИБИ
Избегнувајте ризици и не присвојувајте заслуги што не се ваши. Опкружете се со позитивни луѓе со сличен начин на размислување. Се отвора нова можност во деловниот живот, но ќе треба самостојно да истражите што точно се очекува од вас и како најдобро да ја реализирате.























