УТРО.мк

Дневен хороскоп за недела – 14 септември: Големо изненадување за еден хороскопски знак!

Дневен хороскоп за недела – 14 септември: Големо изненадување за еден хороскопски знак!
Vero

ОВЕН

Вашата упорност е најголемата сила – сѐ што ќе замислите, ќе најдете начин да го остварите. Ако успехот на деловно поле е вашата цел, ве очекува напредок. Можно е недоразбирање со партнерот поради различни ставови. Чувајте се од главоболка.

БИК

Време е да свртите нова страница и да се насочите кон свежи проекти. Старите идеи ви го исполнија своето, а иднината носи промени. Минатото не беше лесно, но од него излеговте помудри. Избегнувајте лоши навики и пороци.

БЛИЗНАЦИ

Финансиската стабилност ви е нарушена и тоа ви создава немир. На љубовно поле, не сте подготвени за поголеми чекори, иако партнерот тоа го очекува. Посветете внимание на здравјето и крвотокот.

РАК

Пред вас се отвора можност за нова работа и поволни околности на професионално поле. Ако неодамна сте запознале личност што ви се допаѓа, лесно ќе најдете начин да и пријдете. Внимавајте на холестеролот.

ЛАВ

Овој ден не е најповолен за вас – можно е да се појават нови грижи и недоразбирања на работа. Во љубовта, личноста што ве привлекува почнува да се оддалечува, што може да ви донесе разочарување. Чувајте го имунитетот.

ДЕВИЦА

Влегувате во период на прилагодување на нови услови и промени во работата. Ако сте во брак, односите со партнерот се заладени и кризата може да потрае. Внимавајте – постои ризик од алергии.

ВАГА

Цврсто стоите зад новата одлука поврзана со работата и не дозволувате никој да ве разколеба. На емотивен план, ви се допаѓа личност која засега не покажува ист интерес. Можно е чувство на тежина во стомакот.

ШКОРПИЈА

Влегувате во важна фаза на донесување деловни одлуки. Во брак, односите со саканата личност се стабилни и исполнети со хармонија. Денес сте полни со енергија и самодоверба.

СТРЕЛЕЦ

Некои стари проблеми сѐ уште не се решени, а се појавуваат и нови предизвици, што ви носи оптеретеност. Сепак, личноста што ви се допаѓа ќе направи прв чекор кон вас. Внимавајте на срцето.

ЈАРЕЦ

Можни се непријатности поради непромислени потези или некоректност на деловниот партнер. Денот е динамичен и носи ново познанство кое може значајно да ви го смени животот. Пазете ја кожата.

ВОДОЛИЈА

Ако работите приватно, сега е момент за реализирање на вашите планови. Со партнерот сакате искрен разговор за иднината на вашата врска. Можно е чувствителност на варењето и стомакот.

РИБИ

Среќата ви носи позитивни промени на работното поле – работите конечно се движат во добра насока. На љубовно поле, чувствувате потреба од посериозен чекор. Ако сте подготвени, предложете брак. Здравјето ви е стабилно.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран