УТРО.мк

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола со музичко патување околу светот

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола со музичко патување околу светот
Vero

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола вечерва во 20 часот, во Центарот за култура во Битола, ќе приредат уникатен концерт со традиционални песни од различни култури и континенти – внимателно втемелен во фузија на светски звуци и македонска музичка традиција.

Со речиси три децении меѓународна кариера во филмската музика, гласот на Царовска станал препознатлив дел од бројни филмски, театарски и танцови проекти. Таа успешно изведува музика на многу јазици – од арапски и грчки до индиски, ирански, бангладешки и ерменски – секогаш носејќи ја во себе врската со македонската традиционална песна.

Во овој специјален проект, Царовска претставува избор на традиционални мелодии кои ги собирала низ своето долгогодишно творештво, проследени со богатата инструментална поддршка на Камерниот оркестар Битола.

Концертот се одржува во рамките на 17. Фестивал на музика од светот, кој започна синоќа со настапот на групата „Фонтана“ и гостинката од Измир, Гамезе Матраџи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран