На 19 јули Охрид повторно ќе биде музичкиот епицентар на Македонија, кога актерот и музичар Игор Џамбазов ќе одржи голем концерт на Античкиот театар, со почеток во 21 часот.
„На ваше големо задоволство, со особена чест ви го најавуваме концертот на Игор Џамбазов – ’Најдоброто од Џамбазов’“, соопштуваат организаторите на музичката вечер под отворено небо.
На сцената Џамбазов ќе го придружува неговиот долгогодишен соработник Гуру Харе со својот бенд, а публиката ќе има можност да ужива во изведбата на најголемите хитови од неговиот музички опус.
Меѓу најавените песни се: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Труба“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Македоникејшн“, „Во бестрага“, како и материјал од новиот албум „Првите триесет“.
Концертот ќе биде снимен и за телевизиски проект, а организаторите најавуваат вечер исполнета со музика, хумор и автентична македонска атмосфера.
Влезниците ќе бидат достапни од среда, 4 јуни, преку продажната мрежа на www.mktickets.mk и на пунктот кај „Аждерот“ во Охрид.