УТРО.мк

Хрватски ритми и уметност во Битола по повод Денот на државноста

Хрватски ритми и уметност во Битола по повод Денот на државноста
Vero

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, на 6 јуни (петок), во Културно-информативниот центар – Офицерски дом во Битола ќе се одржи свечен културен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.

Настанот ќе понуди богата уметничка програма, со акцент на автентичниот далматински мелос. Свечената атмосфера ќе ја збогатат настапите на женската клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, Хрватска. Публиката ќе има можност да ја проследи и изложбата на фотографии „Хоризонти“ од сплитската авторка др.сц. Блага Петрески, како и настап на ученици од Државното музичко училиште – Битола.

Денот на државноста на Хрватска претставува еден од најзначајните датуми за хрватската понова историја. Во изминатите години, Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола активно придонесува за унапредување на македонско-хрватските односи преку културата и уметноста. Центарот има остварено бројни соработки со институции и организации од двете земји, иницирал збратимувања и организирал културни размени, настапи и прослави на значајни датуми.

Настанот е поддржан од Културно-информативниот центар Битола, Општина Битола, Државното музичко училиште – Битола, Сплитско-далматинскиот округ и Централната канцеларија за Хрватите надвор од Хрватска.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран