УТРО.мк

„Илинденски денови 2025“ – Битола испрати разгледница до светот со богатство од традиции и култури

„Илинденски денови 2025“ – Битола испрати разгледница до светот со богатство од традиции и култури
Vero

Со последните звуци на тапани и ора, денес заврши 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола – настан кој и оваа година ја претвори градската сцена во вистинска разгледница од Македонија до светот.

Преку десетици настапи, изложби и уметнички перформанси, фестивалот донесе автентична фолклорна магија во градот под Пелистер, каде што беа претставени културните богатства на Македонија, но и на гости од Мексико, Грузија, Полска, Швајцарија, Хрватска и др.

Битола пулсираше во ритамот на народните игри, песни, носии и инструменти, а илјадници посетители имаа можност да уживаат во искрената енергија на сцената. Секоја изведба беше како жива разгледница, испратена со љубов од Битола до светот, симбол на заедништво, мир и културно поврзување.

Фотографите Ивона Кочов и Диоген Хаџи Коста Милевски го документираа фестивалот во кадри што ќе останат како сведоштво за духот на „Илинденски денови 2025“.

Фестивалот завршува, но впечатокот останува – дека културата зборува на универзален јазик, а Битола со гордост ја носи титулата културен амбасадор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран