
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Во периодот од 29 декември 2025 до 2 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 152 трансакции со вкупна вредност од 34.364.620 денари и 4.738 тргувани хартии од вредност . Тргувањето беше умерено, со зголемена активност кај финансискиот и фармацевтскиот сектор, при што индексот МБИ10 неделата ја заврши со благ пад од околу 0,14%, на ниво од приближно 10.054 поени. Индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, без забележителни промени на пазарот на обврзници.
Најтргувани хартии од вредност (официјален пазар)
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 14.267.337 денари
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 10.922.338 денари
● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 4.169.564 денари
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +1,82%
● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,04%
● ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово (FZC11) +6,68%
● ТТК Банка АД Скопје (TTK) –2,83%
● Макпетрол АД Скопје (MPT) –2,97%
● Гранит АД Скопје (GRN) –1,26%
Во текот на неделата беше реализирана една трансакција со државната обврзница „Р. Македонија – денационализација 21“, во износ од 84.637 денари. Останатите државни и корпоративни обврзници не бележеа промени, а индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени.



























