УТРО.мк

УЈП оствари рекордни приходи: Собрани 4,42 милијарди евра во 2025 година

УЈП оствари рекордни приходи: Собрани 4,42 милијарди евра во 2025 година
Vero

Управата за јавни приходи (УЈП) објави дека во 2025 година во националниот буџет се собрани вкупно 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е за 308,3 милиони евра повеќе отколку во 2024 година.

Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, со раст од 7,5% или 163,2 милиони евра повеќе од претходната година. Најголем дел од растот е забележан во втората половина на годината, кога се реализирани околу четири петтини од годишниот пораст.

Приходите од ДДВ бележат стабилен раст, со месечни порастувања од 10 до 13 проценти, додека кај данокот на добивка е забележан пораст над 30% поради аконтативните плаќања и зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи кон странски партнери.

Во делот на данокот на личен доход најголемо учество има данокот на плати, кој бележи стабилен раст над 10%, како и приходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност.

Социјалните придонеси достигнаа 2 милијарди и 92 милиони евра, што е за 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5%. Овие резултати се припишуваат на навремена наплата, рано интервенирање и доследна примена на законските мерки.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран