
Силните врнежи од дожд предизвикаа поплави во повеќе градови низ Албанија, при што најпогодени се Драч, Лежа и Кукс. Надлежните служби информираат дека водостоите на реките се зголемени, а голем број улици и населени места се под вода.

Поради влошената состојба, во погодените подрачја е прекината наставата, додека локалните власти започнаа евакуација на населението од најризичните зони. Екипи на цивилна заштита и противпожарните служби се на терен и работат на помош и обезбедување на загрозените подрачја.

Албанските институции апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките, да избегнуваат движење низ поплавени подрачја и да ги следат официјалните известувања, бидејќи се очекува нестабилното време да продолжи и во наредните часови.



























