
Вечерва, поради континуирани врнежи од дожд, на патот кон месноста Бањиче повторно дојде до свлечиште. Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, информира дека екипите се на терен и интензивно работат на расчистување на патот и воспоставување на нормален сообраќај.

Граѓаните се замолуваат да ја избегнуваат оваа делница додека не се заврши целосното расчистување. Касами ги благодареше жителите за разбирањето и соработката.



























