УТРО.мк

Одрон од карпа на патот Скопје-Велес

Одрон од карпа на патот Скопје-Велес
Vero

Министерството за внатрешни работи известува дека попладнево се регистрирани повеќе инциденти на патиштата низ земјава. Во 17:35 часот на автопатот Скопје–Велес, после тунелот „Бадар“, се случил одрон од карпа кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега се одвива, а на лице место се присутни полициски службеници и екипа од „Македонија пат“.

Од 18:05 часот, поради излевање на Црна река кај село Бучин во крушевско, е прекинат сообраќајот на локалните патни правци Бучин–Д.Хисар, Бучин–Обршани и Бучин–Трноци.

Исто така, од 18:15 часот е воведена забрана за движење на товарни возила на патниот правец Струга–Ќафасан. Дополнително, патот Пробиштип–Леговец е затворен за сообраќај во двата правци од 18:30 часот поради сообраќајна незгода и вршење увид.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да поседуваат пропишана зимска опрема и да се придржуваат до поставената сигнализација додека траат прекините и се отстрануваат пречките.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран