
Драматичен инцидент го потресе Средното медицинско училиште во Мурска Собота, Словенија, откако еден ученик со нож нападнал своја соученичка. Според полицијата, нападот се случил во училишниот ходник, а младата девојка се здобила со полесни повреди по лицето и грбот.
Директорката на училиштето, Златка Лебар, потврди дека инцидентот се случил на територијата на училиштето, но истакна дека истрагата сè уште е во тек и не може да открие дополнителни детали. „Ситуацијата е под контрола, но сè уште го решаваме случајот“, изјави таа.
Наставата во училиштето денеска е откажана, а учениците веќе се испратени дома, додаде директорката.
Според локалниот портал „Соботаинфо“, нападот не завршил во училишниот ходник. Напаѓачот го напуштил училишниот простор со нож и се упатил кон Домот за стари лица „Ракичан“.



























