
Во Тетово денеска на улица 146 се случи одрон на земјиште и пад на карпи врз куќа. Објектот е оштетен, а покривот на автомобил паркиран пред куќата е покриен со камења.
За среќа, нема повредени лица, а на терен нема информации за други последици. Надлежните ќе направат увид за да се утврдат причините за одронот и можностите за превенција од слични случувања во иднина.



























