
Премиерот на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва престојуваше во Маврово и Ростуше, каде што упати силна поддршка за Онер Јакупоски, кандидат за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.

На средбите со граѓаните, Мицкоски истакна дека обединетоста и заедничката визија се клучни за развојот на општината и подобрување на квалитетот на живот на сите семејства.
Тој нагласи дека Јакупоски е кандидат кој нуди јасна визија, енергија и конкретни решенија за локалниот развој, потенцирајќи дека со силна поддршка од граѓаните Маврово и Ростуше може да добијат стабилна и посветена локална власт.




























