
Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со други субјекти од системот за заштита и спасување, интервенираа на терен во Ресенско поради излевање на реки и поплави, информираат од ДЗС.

Во повеќе населени места, меѓу кои Перово, Дрмени и Царев Двор, беа поплавени куќи, дворови и други објекти. Голема Река се излеа на повеќе локации, а најкритично беше на патниот правец кај Горна Бела Црква, каде водната струја беше особено силна.

ДЗС известува дека тимовите на терен помагаа граѓаните со заглавени возила и испумпување на вода од домовите и дворовите, согласно пријавите од граѓаните и барањата на локалната самоуправа. Активностите се спроведуваа со цел брзо и ефикасно справување со последиците од поплавите.



























