
Македонската ракометна репрезентација со победа го започна учеството на „Жолтиот Куп“ во Винтертур, Швајцарија.
Најефикасен ракометар беше Филип Кузмановски со 9 постигнати погодоци.
„Црвено-жолтите“ го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар. Во вториот дел Бахреин пружи поголем отпор, но избраниците на Кирил Лазаров рутински го привршија натпреварот.



























