
Македонската машка ракометна репрезентација продолжува да ги темпира силите за Европското првенство, оваа недела во швајцарскиот Винтертур. На „Жолт куп“, црвено-жолтите синоќа ја започнаа својата авантура со победа над Бахреин, но со игра полна осцилации.
Селекторот Кирил Лазаров не ги крие очекувањата – и покрај успехот, нагласи дека има уште многу детали кои треба да се унапредат. „Сè уште работиме на конзистентноста во играта“, потенцираше Лазаров, додавајќи дека турнирот е одлична можност да се исправат недостатоците пред големата сцена на Европското првенство.


























