
Карим Адејеми, офанзивецот на Борусија Дортмунд, е казнет со 90.000 евра од својот клуб по инцидент на натпреварот против Борусија Менхенгладбах. Одлуката за казната беше донесена веднаш по пристигнувањето на тимот во зимскиот тренинг камп во Марбеља, на препорака на тренерот Нико Ковач, кој не толерира недисциплина во својот тим.
Според германските медиуми, износот ќе биде одбиен директно од месечната плата на 23-годишниот фудбалер, кој има годишен договор вреден околу шест милиони евра. Ковач истакна дека казната служи како порака дека таквото однесување нема да се прифаќа и дека инцидентот ќе биде разјаснет на личен разговор со тимот.
Ова не е прв пат Адејеми да се најде во центарот на вниманието. Пред два месеци тој беше казнет со 450.000 евра за нелегално поседување оружје, кое според него било пронајдено во „мистериозна кутија од TikTok“. Казната од 60 дневни казни од по 7.500 евра стана правосилна на 30 октомври, а случајот предизвика вознемиреност во редовите на германската репрезентација пред клучниот квалификациски натпревар за Светското првенство.



























