
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Влатко Андоновски, поранешен селектор на женската фудбалска репрезентација на САД и актуелен тренер во Канзас. Омерагиќ ја опиша средбата како драга и инспиративна, нагласувајќи дека секогаш е посебно чувството кога се разменуваат размислувања за фудбалот со успешни луѓе со македонско потекло.
Во фокусот на разговорите била играта што ги обликувала нивните кариери, како и идните предизвици и визии за развој на фудбалот. Омерагиќ изрази надеж дека следната средба ќе се случи во Канзас, каде, како што истакна, фудбалот можеби звучи поинаку, но се чувствува исто.



























