УТРО.мк

Планинари од Македонија, Црна Гора и Германија го дочекаа првото изгрејсонце на Пелистер

Планинари од Македонија, Црна Гора и Германија го дочекаа првото изгрејсонце на Пелистер
Vero

Над педесет планинари од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија денеска тргнаа кон врвот Пелистер за да го доживеат првото изгрејсонце во Новата 2026 година. Настанот „Први на Први“, кој годинава се организира по петти пат од страна на здружението „Олимпус Монс“ со поддршка на Општина Битола како дел од Зимската приказна, повторно собра љубители на природата и планинарството.

Планинарите, искусни и познати во регионот, се искачија под ведро небо, со ниски температури и полна месечина, уживајќи во прекрасниот поглед на снежната Баба Планина.

„Во мое лично име и во име на сите учесници од цела Битола и Македонија, Ви посакувам Среќна нова 2026 година“, изјави Иванчо Тошевски, организатор, претседател на планинарското здружение „Олимпус Монс“ и директор на НП Пелистер.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран