
Најмалку десетици лица загинаа во страшен пожар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ. Полицијата соопшти за повеќе мртви и повредени во експлозија од непознато потекло, а локални медиуми наведуваат дека бројот на жртви може да достигне околу 40.
Пожарот избувнал околу 1:30 часот наутро во подрумот на барот и салонот „Ле Констелејшн“, а како можен причинител се споменува пиротехника од новогодишниот концерт. Во моментот на инцидентот, според полицијата, во објектот имало повеќе од сто луѓе.
Службите за итни случаи интервенираа со амбулантни возила и хеликоптери, а пожарот е ставен под контрола утрово. Во болниците се хоспитализирани повредени со тешки изгореници, а отворена е и телефонска линија за роднините на жртвите.
Локалната радио станица RhoneFM известува дека ракувањето со пиротехнички средства можеби предизвикало трагедијата, а извори на медиумите го потврдуваат високото число на жртви.



























