УТРО.мк

Гренланд како клуч за одбрана: Венс ја критикува Данска и Европа

Гренланд како клуч за одбрана: Венс ја критикува Данска и Европа
Vero

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс остро ја критикува Европа и Данска за, како што рече, недоволната заштита на Гренланд, кој го смета за клучен за националната и глобалната безбедност на САД. Коментарите доаѓаат по потврда од Белата куќа дека Вашингтон „активно“ размислува за купување на полуавтономната данска територија, пренесува Би-Би-Си.

Во интервју за Фокс њуз, Венс потенцира дека Гренланд е клучен за инфраструктурата за ракетна одбрана и дека потенцијално би можел да игра критична улога при нуклеарен напад од Русија или Кина. „Прашањето е дали Европејците и Данците направија добра работа за обезбедување на Гренланд. Очигледно, не“, изјави тој, додавајќи дека недоволните инвестиции го доведуваат во ризик одбранбениот потенцијал на островот.

Стратешката важност на Гренланд се заснова на неговата локација помеѓу Северна Америка и Арктикот, што го прави погоден за системи за рано предупредување. САД веќе имаат воена база таму, Питуфик, со повеќе од 100 стационирани војници, а интересот расте и за природните ресурси на островот, вклучувајќи ретки метали, ураниум и железо.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран