УТРО.мк

Хрватска нема да испраќа војници во Украина, дури ни по евентуален прекин на огнот

Хрватска нема да испраќа војници во Украина, дури ни по евентуален прекин на огнот
Vero

Хрватска нема намера да испраќа свои војници во Украина, дури ни во случај на постигнување прекин на огнот, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по состанокот на т.н. „коалиција на подготвените“, одржан во Париз.


Пленковиќ нагласи дека позицијата на Загреб е јасна и непроменета – Хрватска ќе продолжи да ѝ помага на Украина преку политичка, хуманитарна и логистичка поддршка, но без директно воено присуство на теренот.
„Хрватска нема да испраќа свои војници во Украина, ниту сега, ниту по евентуален мировен договор или прекин на огнот“, порача премиерот, додавајќи дека секоја земја самостојно одлучува за нивото и формата на својот ангажман.


Состанокот во Париз, на кој присуствуваа повеќе европски лидери, беше фокусиран на можни безбедносни гаранции за Украина и идните чекори по евентуално завршување на воените дејства. Сепак, ставовите меѓу земјите остануваат различни, особено кога станува збор за распоредување странски сили на украинска територија.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран