УТРО.мк

Општина Битола интервенира на повеќе локации по излевањето на Курделес

Општина Битола интервенира на повеќе локации по излевањето на Курделес
Vero

Вечерва по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплавување на улици низ градот битолската „Нискоградба“ и другите јавни претпријатија започнаа акција за санирање на состојбата.

Најкритична е состојбата кај стариот „Прогрес“ кај каналот од реката „Курделес“ кој се излеа, поради што отежнат е сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ (старата „Иво Лола Рибар“) до Железничката станица.

Интервенции има и на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат и населбата „Стрчин“.

Екипиите продолжуваат со работа за санирање на состојбата, а остануваат на терен со оглед на најавите за продолжување на врнежите.

Мобилизирани се екипи од „Битолско поле“, „Водовод“, „Стрежево“ и ќе се интервенира во Кравари, во Канино, Лера, Горно Српци, на река Црна, потесното и поширокото градско подрачје на општината.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран