УТРО.мк

Iute Group влегува во украинскиот банкарски сектор: доби државен тендер за основање дигитална банка

Iute Group влегува во украинскиот банкарски сектор: доби државен тендер за основање дигитална банка
Vero

Естонската Iute Group, која е сопственик на Иуте Македонија, ја доби државно организираната тендерска постапка во Украина за преземање на дел од средствата и депозитните обврски на банката RWS Bank Украина, со што се отвора патот за основање на нова целосно дигитална банка на украинскиот пазар.


Според договорот, Iute ќе ја формира банката под работниот назив IuteBank, која ќе биде изградена од темел како лиценцирана дигитална финансиска институција под супервизија на Народната банка на Украина. Финалното пренесување на околу 13.000 сметки и клиенти ќе се реализира по официјалното одобрување на регулаторот, што се очекува до крајот на месецов.


Вкупната инвестиција на групацијата во Украина се проценува на 15 милиони евра, а увлезот на Iute во украинскиот банкарски сектор претставува значаен чекор во географската експанзија на групацијата, како дел од стратегијата за развој на дигитално банкарство во источна Европа.


Новата банка ќе нуди широк спектар услуги, вклучувајќи отварање на сметки, плаќања, депозити, кредити и други основни банкарски производи за физички и правни лица, со силен фокус на дигитално искуство и модерни технологии.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран