
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Венецуела постигнале договор за извоз на венецуелска сурова нафта во вредност од околу две милијарди долари. Според него, целта е дел од испораките да се пренасочат од Кина и да се спречат значителни намалувања на производството на нафта во Венецуела, пренесува АП.
Договорот опфаќа испорака на 30 до 50 милиони барели нафта, која е под американски санкции. Белата куќа за петок закажа состанок со раководителите на американските нафтени компании, меѓу кои „Ексон“, „Шеврон“ и „КонокоФилипс“, за да разговараат за планот.
Со цената на нафтата околу 56 долари за барел, трансакцијата може да достигне до 2,8 милијарди долари. И покрај тоа што Венецуела располага со најголемите докажани резерви на сурова нафта во светот, моменталното производство изнесува околу 1 милион барели дневно, додека САД во октомври произведувале 13,9 милиони барели дневно.
Прес-службата на венецуелската влада не одговори на барањата за коментар. Анкетите покажуваат дека Американците се поделени по прашањето за апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со речиси половина против директна американска интервенција во земјата.



























