УТРО.мк

Црвениот крст обезбедува итна помош за жителите на Кичево погодени од поплавите

Црвениот крст обезбедува итна помош за жителите на Кичево погодени од поплавите
Vero

Црвениот крст на Република Северна Македонија организира итна хуманитарна помош за граѓаните на Кичево погодени од поплавите. Во соработка со локалните власти, екипи на Црвениот крст и волонтери на терен доставуваат храна, вода, материјална помош и основни средства за хигиена до погодените семејства.

Во рамки на акцијата се распределуваат околу 110 пакети со најнеопходни производи, како и покривки, облека и други основни потреби за евакуираното население. Екипите исто така обезбедуваат хуманитарна поддршка и техничка помош за правилна распределба на помошта.

Граѓаните кои сакаат да придонесат можат да уплатат донации на сметката на Црвениот крст наменета за поплавите во Кичево:

Сметка: 300000001327966

Банка: Комерцијална банка

Назначение: Помош за населението погодено од поплавите во Кичево

Црвениот крст апелира до граѓаните за солидарност и нагласува дека сите донации ќе бидат искористени исклучиво за помош на погодените семејства. За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефон +389 23 114 355 или преку e-mail: [email protected].

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран