
Синоќа, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, имаше чест да присуствува на празничниот концерт на народни и црковни Божиќни напеви „Свет, Свет, Свет“.

Концертот, кој годинава се одржа по втор пат, беше организиран од Општина Битола во соработка со Центарот за култура и Културниот и информативен центар. На настанот, присутните имаа можност да уживаат во богатството на народните и црковни Божиќни мелодии, создавајќи празнична и духовна атмосфера во чест на Христовото раѓање.
„Привилегија за сите нас беше да се слушаат народните и црковни Божиќни напеви. Среќни празници!“, изјави Коњановски.




























