
Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ и инвестицискиот фонд „Квантум Капитал Груп“ планираат заедничка понуда за преземање на целиот имот на рускиот Лукоил надвор од Русија, проценет на 18,8 милијарди евра. Понудата опфаќа нафтени и гасни постројки, рафинерии и малопродажна мрежа, вклучувајќи над 2.200 бензински пумпи во Европа, Азија и на Блискиот Исток.
Преговорите се во тек и ќе траат до 17 јануари 2026 година, со конечна одлука која зависи од Министерството за финансии на САД и одобрението од регулаторите. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп е известена за понудата, што му дава право на вето и влијание врз исходот на трансакцијата.
Продажбата следи по воведените санкции од САД и Велика Британија против Лукоил во октомври 2025 година, кои ограничуваат продажба на нафта и деривати. Првично, интерес покажала швајцарската компанија „Гунвор“, но се откажала откако Белата куќа ја означи како „руска алатка“. Подоцна се јавиле други потенцијални купувачи, меѓу кои унгарскиот MOL, Exxon Mobil, Saudi Midad Energy, Carlyle, International Holding Company од Абу Даби и австрискиот претприемач Бернд Бергмаир.



























