
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум дека нема капацитет да се справи со нарко-картелите, тврдејќи дека тие фактички ја водат државата.
Во телефонско интервју за американскиот телевизиски канал Фокс њуз, Трамп изјави дека картелите имаат поголемо влијание од официјалната влада во Мексико и дека претседателката Шајнбаум се плаши од нив, поради што не презема решителни мерки.
Тој нагласи дека во повеќе наврати ѝ нудел помош од Соединетите Американски Држави за борба против криминалните групи, но таа, според него, ја одбила таа поддршка. Истовремено предупреди дека Вашингтон може да прибегне кон построги мерки.
„Нешто ќе мора да се направи со Мексико“, изјави Трамп.



























