УТРО.мк

Зголемени патарините во Србија од 1 јануари, возачите затекнати од новиот ценовник

Зголемени патарините во Србија од 1 јануари, возачите затекнати од новиот ценовник
Vero

Цените на патарините во Србија се зголемени и се однесуваат на патничките возила, а измените се објавени во Службен весник.

Информацијата не била јасно истакната на веб-страницата на ЈКП „Патишта на Србија“, поради што голем број возачи кои тргнале на патување на првиот ден од новата година биле изненадени од новите износи, јавуваат српските медиуми.

На официјалната страница е објавен ценовник под наслов „Посебна такса за користење на патарина“, во кој е наведено дека новите цени важат од 1 јануари од 7 часот наутро. Според него, патарината за релацијата Врање – Белград за патнички возила сега изнесува 1.850 динари.

Преку веб-страницата може да се пребаруваат сите цени на патарини, вклучувајќи ги и оние за мотоцикли, патнички автомобили и товарни возила со приколки.

Последната корекција на цените на патарините во Србија беше направена на 4 јули 2025 година.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран