
Необична кражба е регистрирана рано утрово во центарот на Скопје, каде полицијата приведе тројца тинејџери затекнати со книги украдени од Архивот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 04:45 часот на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Московска“, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Д. (18), Х.Е. (19) и 17-годишно малолетно лице, сите од Скопје.
Кај нив биле пронајдени повеќе книги за кои постои сомнение дека се одземени од простории на Архивот на Република Северна Македонија. Книгите биле одземени за понатамошна постапка.



























