УТРО.мк

Мицкоски најавува лидерска средба за реформските закони и техничката Влада

Мицкоски најавува лидерска средба за реформските закони и техничката Влада
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во наредните седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос. Главни теми на средбата ќе бидат консензус за реформските закони и укинување на техничката влада.

Во божиќното интервју за ТВ Алфа, Мицкоски изјави дека очекува сите лидери на парламентарните коалиции да ја прифатат поканата, а дневниот ред може да биде дополнет од другите учесници.

„За правобранителот да разговараме. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава можеме, особено кога пред нас е целта за Европската Унија, да разговараме отворено за темите каде што немаме дијаметрално различни ставови. Законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на Европската комисија. Ајде да седнеме и да разговараме“, рече Мицкоски.

Во врска со техничката Влада, премиерот истакна дека пред минатите избори СДСМ изјавиле дека таа повеќе не е потребна. Мицкоски нагласи дека сегашната Влада има широчина потребна за суштински реформи, но за дел од нив е потребен консензус.

„Пред овие избори раководството на СДСМ велеше дека тие се за укинување на техничката Влада, да видиме дали стојат на тој став. Јас не би сакал да влегувам во такви измени без консензус, затоа што мислам дека такви промени во политичкиот систем треба да се носат со согласност на сите“, додаде Мицкоски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран