
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес беше на терен за да се увери во состојбата на патните правци по последните снежни врнежи. Тој истакна дека сите патишта се проодни и дека нема застој во сообраќајот.
„Би сакал да честитам на прекрасниот тим на ‘Македонија пат’, на овие вредни луѓе, коишто ги одржуваат чисти и проодни патните правци“, рече Николовски, додавајќи дека нивната посветеност е клучна за безбедноста на возачите и нормалното функционирање на сообраќајот.
На терен беа видливи активните екипи кои ги расчистуваа снега и обезбедуваа непречено движење низ целата држава.



























