
Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во викендица кај Гостивар.
Двајца 30-годишни скопјани се пронајдени мртви во викендица во селото Горна Ѓоновица кај Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 8 јануари во 23:45 часот.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телата се испратени на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.



























