УТРО.мк

Силна бура го погоди Дубровник: потонат глисер и оштетени пловила во пристаништето

Силна бура го погоди Дубровник: потонат глисер и оштетени пловила во пристаништето
Vero

Силен дожд и бурни ветрови денеска го зафатија Дубровник, предизвикувајќи сериозни проблеми по морето и крајбрежјето. Најтешко погодено е пристанишниот дел, каде глисер со должина од околу осум метри потонал, а високото ниво на водата и силните бранови им се заканувале и на други пловила.


Според локалните служби, невремето предизвикало поместување и удирање на чамци и јахти, при што дел од нив се оштетени, а некои биле оттурнати од врзувачките позиции.

Силниот ветер дополнително ја отежнал состојбата, а интервенциите на службите се одвивале во отежнати услови.
Надлежните апелираат сопствениците на пловни објекти да бидат внимателни и навремено да ги обезбедат своите бродови, додека граѓаните и туристите се повикуваат да избегнуваат движење покрај крајбрежјето за време на вакви временски услови.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран