УТРО.мк

ТРАГЕДИЈА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ГОСТИВАР-ГРАДЕЦ: Пешак прегазен се бори за живот

ТРАГЕДИЈА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ГОСТИВАР-ГРАДЕЦ: Пешак прегазен се бори за живот
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во гостиварската населба Млаки, каде 69-годишен маж бил прегазен од патничко возило и со тешки телесни повреди е пренесен во болница.


Според информациите од СВР Гостивар, несреќата била пријавена вчера околу 16:05 часот. Патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од С.Ј. (46) од селото Врапчиште, удрило во пешакот Б.С. (69).


По ударот, повредениот маж веднаш бил транспортиран во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот, поради сериозноста на повредите.
На местото на настанот бил извршен увид од полициски екипи, а за случајот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до оваа тешка несреќа.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран