УТРО.мк

Како беше изведена ноќната операција за апсење на Мадуро: месеци следење и часови борба на терен

Како беше изведена ноќната операција за апсење на Мадуро: месеци следење и часови борба на терен
Vero

Американската воена операција во која преку ноќ беше уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро била подготвувана со месеци и изведена со исклучителна прецизност, изјави началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, генерал Ден Кејн.

На прес-конференција во Мар-а-Лаго, Флорида, на која присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, Кејн откри дека операцијата траела со часови и вклучувала сите гранки на американската војска, како и разузнавачките служби и агенциите за спроведување на законот.

Тој потврди дека за време на мисијата бил погоден еден американски авион, но останал целосно оперативен и безбедно се вратил.

„Еден од нашите авиони беше погоден, но остана оперативен. Сите авиони се вратија дома“, рече Кејн.

Американските воздушни и копнени разузнавачки тимови, според него, обезбедувале податоци во реално време, што им овозможило на силите на терен безбедно да се движат во сложени услови.

Кејн потврди и дека имало размена на оган за време на повлекувањето на американските сили од Венецуела. Хеликоптерите што се приближувале кон комплексот на Мадуро биле нападнати од венецуелските сили, по што американската страна одговорила со „супериорна сила“. И еден хеликоптер бил погоден, но останал способен за летање.

Американските сили пристигнале во комплексот околу 01:01 часот по источно време, ја опколиле областа и го извршиле апсењето. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се откажале од отпорот и во 03:29 часот биле префрлени на бродот „УСС Иво Џима“.

Според Кејн, подготовките вклучувале детално следење на Мадуро – неговите движења, навики, места на престој и патувања. Американските медиуми претходно објавија дека ЦИА распоредила мал тим во Венецуела уште во текот на летото за внимателно да ги следи неговите активности.

Во ноќта на операцијата, повеќе од 150 авиони полетале од 20 различни бази на копно и море низ западната хемисфера. Дел од нив биле хеликоптери со тим за „извлекување“, кои летале на исклучително мала височина, заштитени од американски борбени авиони.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран