
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
На денешната берзанска сесија од 22 јануари 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,60%, спуштајќи се на ниво од 9.975,68 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени.Вкупниот промет на Македонската берза изнесуваше 503.697.197 денари, што претставува значително зголемување на дневната ликвидност во однос на претходните сесии. Најголем дел од активноста беше концентриран во тргувањето со акции на Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол и НЛБ Банка, како и во една поголема трансакција со Млекара Битола на слободниот пазар .
Најтргувани хартии од вредност
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 9.617.500 денари
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 13.307.770 денари
● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 16.062.000 денари
● На денешната трговска сесија нема скции со позитивна ценовна промена
● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,60%
● Макпетрол АД Скопје (MPT) –0,45%
● Стопанска банка АД Скопје (STB) –2,71%
Во текот на денот беа реализирани неколку помали трансакции со државни обврзници од серијата „Р. Македонија – денационализација 24“, со вкупен промет од 5.742.070 денари.Просечната цена на овие обврзници изнесуваше 94 евра, што претставува раст од 0,83% во однос на претходната сесија, а останатите серии на државни обврзници не забележаа промени.Индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, што укажува на смирен пазар на државни хартии од вредност .



























