УТРО.мк

УЈП: „МојДДВ“ во прекин поради технички проблем – скенирањето ќе биде овозможено подоцна

УЈП: „МојДДВ“ во прекин поради технички проблем – скенирањето ќе биде овозможено подоцна
Vero

Апликацијата „МојДДВ“ веќе неколку дена е недостапна за граѓаните, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем, на чијшто отстранување активно се работи.

„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки кои се во рамки на овој рок ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција“, соопштија од УЈП.

Сепак, од институцијата не прецизираат кога апликацијата ќе биде повторно достапна, оставајќи ги корисниците во неизвесност. Дел од нив изразуваат загриженост на социјалните мрежи, стравувајќи дека може да го изгубат правото на поврат на средства.

Од УЈП апелираат на трпение и уверуваат дека ќе нема штета за граѓаните кои ги чуваат своите фискални сметки и ги скенираат во рамки на законскиот рок.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран